Производство

Уметнички одлеаноци

РЖ Институт нуди целосна услуга за уметничките одлеаноци, почнувајќи од самата идеја па се до конечната монтажа на делата, вклучувајќи го сето планирање и производство. РЖ Институт може да обезбеди практични решенија кои ќе гарантираат висок квалитет во сите фази на проектот.

Ние направивме едни од најубавите ремек- дела во нашата земја и пошироко, што не прави сме силно посветени при изработката на вакви проекти.

 

  •  

    ИНЖИНЕРИНГ

    Нашата леарница може да биде активна низ различните чекори на вашиот проект, надоврзувајќи се на вашиот стил на работа или експертиза. Почнувајќи од скици направени со молив или CAD програми, нашите искусни инжинери, уметници и професионални соработници нудат поддршка неопходна за да се обезбеди долговечност и безбедност на делата на нашите клиенти. Нудиме широко познавање и вештина добиена преку обуки и значајно искуство.

    Структурното инжинерство дизајнирано од нашите партнерски инжинери, комбинирано со нашиот искусен тим за заварување ни овозможува да креираме комплексни интерни структури за да се зајакнат и поддржат скулптурата, како и разновидна надворешна поддршка и монтажни системи.

    Ние навистина се грижиме сите дела излеани тука да бидат заштитени од суровата клима и животната средина, како земјотреси, поплави, снег, ветер и др.

  •  

    ЗГОЛЕМУВАЊЕ/ НАМАЛУВАЊЕ НА ДЕЛОТО

    При зголемувањето и намалувањето на уметничките дела во различни големини, материјали и стилови, нашите вработени ги прилагодуваат техниките и технологијата како би се постигнале различните барања за секое дело. Нашите уметници ја преземаат одговорноста за прецизно реплицирање на вашето дело, било во зголемена или намалена форма. Должина, ширина, висина, функционална големина, локација итн.. се дуплицираат по прецизен размер.

    Во РЖ Институт, бидете сигурни дека најдобрите алатки и луѓе ви стојат на располагање да се создаде незаборавно дело.

  •  

    КАЛАПИРАЊЕ

    Разновидноста на материјалите кои денес уметниците ги користат за изработка на скулптура е неверојатна: камен, дрво, стакло, хартија, теракота, ткаенина, композитни материјали, глина итн. Нашиот кадар од дипломирани скулптори се експерти во креирање на прецизен калап од дела кои се направени од различи материјали и големини.

    Ние сме оспособени да изработиме калапи во секоја големина и со секаков детал на нивната површина. Од мали отпечатоци до монументални големини, ние сме направиле успешни калапи од нив. Нашите калапи се стручно дизајнирани од вид и материјал кој ќе ги исполни потребите и барањата за вашиот проект.

    За нас претставува возбудливо патешествие разбирањето на намерата на скулпторите-клиенти и успешно изработување на калапи со кои ќе се репродуцира оригиналното дело до беспрекорни детали.

  •  

    ЛЕЕЊЕ СО МЕТОД НА ИЗГУБЕН ВОСОК

    РЖ Институт е позната по креирањето на бронзени одлеаноци користејќи го методот на “изгубен восок” (lost wax technique). Користејќи го овој метод, ние може да репродуцираме било какви уметнички дела во сите видови на бронза според меѓународните стандарди (т.н. бакарна, силиконска, бела бронза, алуминиумска, томбасил итн), како и алуминиум, месинг, полиестер и композитни материјали.

    Нашиот тим соработува со вас да го детерминира системот кој ќе е најсоодветен за леење на вашата скулптура, имајќи ги во предвид не само металот кој се лее, туку и формалните елементи кои ја прават скулптурата посебна.

    Со тонски капацитет на леење, нашите капацитети на леење се поголеми од индустрискиот стандард.

  •  

    АРХИТЕКТОНСКА НАМЕНА

    Како одговор на зголемената побарувачка за иновативни и уникатни градежни материјали, РЖ Институт ги прошири своите операции и во архитектонскиот пазар. Произлезениот резултат е навидум бескрајна разновидност на самостојно изработени метални панели. Било која големина, боја, форма и текстура се чини дека се возможни да се добијат преку различните техники на изработка.

    Овие производи се примамливи, трајни и навистина уникатни. Површините се достапни од силиконска бронза, бела бронза, алуминиум...Панелите можат да бидат искористени и за ентериер и за екстериер.

  •  

    ДОРАБОТКА (ФИНИШИНГ)

    Откако компонентите на скулптурата ќе бидат излеани тие се заваруваат заедно и беспрекорно се дообработуваат за да се зачуваат саканите текстури на делото. Нашите заварувачи се во можност внимателно да ги состават бронзените парчиња користејки технички вештини и прецизни алати. Тие му приоѓаат на секое дело индивидуално во однос на специфичните потреби и желби на авторот на делото, за да го пронајдат процесот и нивото на вклученост кое највеќе одговара на дадената скулптура. Годините искуство се наши да ви ги понудиме во развивањето на завршна техника која е вистинска за вашето дело.

    Без разлика дали проектот бара формирање, дробење, расцепување, сечење, вртење итн. нашите добро опремени капацитети и години на искуство може успешно да го спроведе било кој дизајн. Ние внесуваме посветеност кон мајсторството вкоренето во инжинерингот на конструкцијата на секој проект, обезбедувајќи квалитет и долговечност од најмалите па се до најголемите делови.

    Во оваа фаза, скулптурата исто така се пескари, цизелира и полира за да се отстранат евентуални лузни или дефекти и се подготвува за патинирање.

    Без разлика колку претставува предизвик вашиот идеен проект, РЖ Институт ќе ги користи најновите расположливи технологии за да обезбеди интегритет, квалитет и долговечност на секое парче.

  •  

    ПАТИНА

    Патинирањето се врши со примена на оксидирачки хемикалии за бронза кои реагираат на метал и постигнуваат различни бои и текстури. Ние нудиме широк дијапазон на бои, дезени и ефекти кои можат да се применат на скулптурите, давајќи им уникатен карактер.

    Нашите вработени активно соработуваат со авторот на делото за да го пронајдат или развијат вистинскиот финиш, боја и текстура за секој проект. Ние сме добро обучени во сите аспекти на боењето, патинирањето , емајл, модерни облоги и восок (восоцирање).

    Исто така, ги охрабруваме нашите клиенти да се консултираат со нашите кадри со цел да создадат совршен финиш на нивното дело. Откако нанесувањето на патина е завршено, површината внимателно се восоцира за да се заштити и зајакне изработената скулптура.

  •  

    МОНТАЖА

    РЖ Институт има искуство во монтажа на скулптури и архитектонски делови на различни локации ширум земјата. Ние може да организираме и спроведеме локален и меѓународен транспорт до местото за поставување на делото, вклучувајќи логистика и справување со потребните бирократски процедури.

    Нашите вработени стручно и внимателно ќе го спремат вашето дело за безбеден транспорт до локацијата на монтажа, или пак, транспорт на моделот од вашето студио до нашата леарница. Најголемо внимание се посветува на безбедноста и долговечноста на делото за време на ракувањето со него.

  •  

    РЕСТАВРАЦИЈА

    РЖ Институт прерасна меѓу најголемите и најпочитувани леарници за уметност на Балканот. Знаењето и вештините развиени преку процесите на правење скулптури ни овозможуваат да понудиме експертски реставрирачки услуги, вклучувајќи периодични чистења, восоцирање, фарбање, патинирање, структурни поправки и замена на компоненти.

    Ние се стремиме да ја разбереме оригиналната намера на уметникот и разбираме дека најдобар начин е верно да се врати уметничкото дело во неговата оригинална кондиција. Ги нудиме овие услуги на општините, музеите, парковите, корпорациите и приватните колекционери.