Наша посветеност

Заштита на животната средина

Главните обележја на политиката на РЖ ИНСТИТУТ А.Д. се високо ниво на квалитетот на производите и на услугите, брза и навремена испорака, целосно почитување на барањата и на потребите на купувачите.

Грижата за нашите купувачи ја гарантираме со:

  • почитување на осумте принципи на ИСО стандардот;
  • набавка на суровини, услуги и производи од одобрени добавувачи;
  • искуството и стручност на нашиот персонал;
  • современа процесна опрема;
  • контрола на квалитетот на производите;
  • висок квалитет на производите согласно стандардите;
  • постојан развој на технолошките процеси и воведување на нови производи во областа на металургијата и неорганската технологија;
  • зголемување на профитабилноста на производството и услугите кои ги дава РЖ ИНСТИТУТ, со перманентно следење на трошоците и воведување на новите технолигии.

 Грижата за заштита на животната и работна средина ја спорведуваме со примена на еколошки горива (природен гас), со вградување на современи и ефикасни системи за заштита на животната средина и почитување на  Законски  прописи за управување со животната и работната средина, со цел минимизирање на влијанието врз неа.

Постојано подобрување на: квалитетот на производите, системот за управување со квалитет со постојана обука, меѓусебно почитување, тимска работа, унапредување на индивидуалните способности, мотив за работа и лична сигурност.