Наша посветеност

Безбедност и заштита на работното место

Безбедност и заштита на работното место

Наша цел секогаш ќе биде да ги исполниме и надминеме минимум бараните важечки закони и други барања поврзани со здравјето и безбедноста при работа. Ние веруваме дека несреќите, болестите и повредите на работното место можат превентивно да се спречат.

Во таа насока, нашите деловни политики одредуваат дека вработените секогаш треба да:

  • 1) Ги познаваат и применуваат барањата кои произлегуваат од нашите задолжителни политики, стандарди и процедури на здравје и безбедност при работа, како и да им помогнат на оние кои работат со нив да го сторат истото;
  • 2) Користат лична заштитна опрема, соодветна за задачата која ја извршуваат;
  • 3) Веднаш да престанат со работа која се чини дека е небезбедна;
  • 4) Да се справуваaт и да ги отстрануваат сите материјали правилно, безбедно и законски;
  • 5) Веднаш да пријават на нивниот надлежен било каква несреќа, повреда, болест, небезбедни или нездрави услови, инцидент итн., за да може навремено да се се реагира и превземе соодветно дејство. Никогаш не треба да претпоставуваме дека ваквата појава нема потреба да се пријави, или пак, дека некој друг ќе ја пријави.

Вработените никогаш не треба да ги извршуваат своите обврски доколку се под дејство на алкохол и дрога, или пак, доколку не се: компетентни и обучени, медицински здрави и доволно одморени за да го сторат тоа.

Ние сме свесни дека здравите и продуктивни вработени се од суштинско значење за нашиот успех и сме посветени на спречувањето на нови случаи на повреди или професионални болести. РЖ Институт ќе биде вистински успешна доколку секој вработен на крајот на денот безбедно си заминува дома кај својата фамилија.