Наша посветеност

Деловни политики

Сите активности на РЖ Институт се водени преку управување со политиката за квалитет, политика за заштита на животна средина, почитување на правата на акционерите, политика на транспарентност, кодексот на етика на компанијата и други деловни политики и процедури.

Ние сме посветени да создадеме силни и одржливи вредности за сите наши стеикхолдери. Постоејќи речиси 5 децении, низ различните времиња сфативме дека ова не е лесен пат. Честопати се наоѓавме во различни турбуленции низ времињата при што беа извршени трансформации и модернизирање на компанијата, за денес да се наоѓаме на еден стабилен пат во насока на подобрување на нашето функционирање и успешно развивање во сите области на секојдневното работење. Визијата на РЖ Институт е да биде компанија за почит и партнер од доверба.

КОИ СЕ НАШИТЕ СТЕЈКХОЛДЕРИ?

Речиси секој е стеикхолдер во одржливите вредности кои се обидуваме да ги создадеме.

Но, некои од нив имаат директен удел: нашите вработени, акционери, клиенти, нашите добавувачи и подизведувачи, владините и невладините организации, инвеститори и аналитичари и сл.

Преку стремежот за постојано зголемување на општествените, економските и еколошките бенефити од нашите активности и истовремено минимизирање на негативните ефекти, ние се трудиме да ги максимизираме бизнис вредностите и придобивките на сите овие стејкхолдери.

ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО

Секој фискален квартал, РЖ Институт навремено ги објавува финансиските резултати направени во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ). Исто така, редовно ги почитува Правилата за котација на Македонската берза, особено во поглед на објавувањето на ценовно чувствителни информации, анализи, извештаи итн.

Компанијата има назначено посебни лица за контакт со инвеститорите и со медиумите, во однос на прашањата кои се во опсегот на работа на РЖ Институт.

КЛИЕНТИТЕ ЗБОРУВААТ, НИЕ СЛУШАМЕ

Нашиот клиент- ориентиран пристап не води да креираме иновативни решенија кои директно ги исполнуваат потребите и желбите на нашите клиенти.

Ова особено важи за уметничките одлеаноци, каде што честопати се среќаваме со специфични нарачки од страна на клиентите. Процес кој започнува од самата идеја па преку нацртите на нашите уметници во соработка со клиентот и изработката на модел, се до финиширање на уметничкото дело. За нас претставува возбудливо патешествие разбирањето на намерата на клиентот и успешно изработување на моделот.