Услуги и трговија

Истражување и лабараториски услуги

Лабораториски услуги за рударство и металургија

Во Заводот за ПМС во РЖ Институт ад Скопје се вршат следните лабораториски испитувања:

  • Припрема на проби за хемиска анализа, ситова анализа, за обогатување на минерали, микроскопски и термомикроскопски испитувања. Припремата на проби се врши со уситнување преку постепено дробење и мелење, како и сечење на машина со дијамантски шајбни.
  • Ситова анализа со користење на сита со големина на отвор од 36 микрони до 60 мм.
  • Изработка на рудни и петрографски препарати за испитувања со микроскоп во одбиена и пропуштена поларизирана светлина.
  • Термомикроскопски испитувања на прашкасти проби за одредување температурен интервал на : синтерување, омекнување, топење, како и точка на топење и излиена проба.
  • Одредување на хемиско-физички особини на суровини (густина, насипна и волуменска тежина).

За испитување на составот и генетските карактеристики на минерални суровини (литолични и нелитолични) и карпи од различито потекло од значење за геолошко-рударските истражувања се поседува следната опрема:

  • Машина за сечење проби со дијамантска шајбна
  • Машина за изработка на микроскопски препарати
  • Микроскоп “Lajtc” тип Ortoluks и Ortoplan пол за проучување во поларизирано светло, пропуштено и одбиено.
  • Полуавтоматски интегратор за анализа на застапеност на корисни и штетни минерали во суровината.
  • Електромагнетни сепаратор за анализа на минерални фракции - “Frantz”- сепаратор.
  • Термички микроскоп со електропечка до 1600 оС и уред за снимање при ниски и високи температури.