Производство

Канделабри и урбана опрема

РЖ Институт нуди најразлични производи во областа на урбаното осветлување и уредување: столбови за канделабри со висина од 0,5 до 18 метри, декоративни столбови, лиени чешми, клупи, украсни корпи за отпадоци, држачи, паркинг столбови и останата урбана опрема. Имаме широко искуство на леење во алуминиум, бронза, месинг и понатамошна обработка на одлеаноците, вклучувајќи и нивно фарбање или патинирање.

Компанијата поседува сопствени леарски капацитети, браварска работилница за рачна обработка на одлеаноците, моделарска работилница за изработка на модели за понатамошно леење, превозни средства, уметничко одделение, со што овозможува реализација на производот од идеја до монтажа. Во процесот на производство, РЖ Институт користи материјали со атест за квалитет и спроведува етапни и финални контроли на квалитетот на одлеаноците.

По желба на клиентот, нашиот стручен тим од дипломирани уметници- скулптори можат да понудат најразновидни уметнички решенија и изработат модели за понатамошно леење. Вака секоја канделабра претставува уметничко дело само по себе и со нашата компанија на располагање, ги охрабруваме нашите урбани архитекти и планери да не контактираат како естетски би го надополниле нивниот простор со нашите производи, комплементарни во однос на било каков архитектонски стил.