Производство

Црковни ѕвона и опрема

Со векови црковните ѕвона имаа секојдневна улога во историјата на народите, земјите и верските објекти. Историски, црковните ѕвона служеле за одбележување на времето за молитва, повик работа или собир на заедницата. Додатно, црковните ѕвона денес често звонат за да се одбележат разновидни настани или случувања. Ние произведуваме широк спектар на црковни ѕвона за разновидни цели, почнувајќи од најмали сувенирни ѕвончиња па се до камбани во тежина од неколку тони.

Квалитетна бронза за безвременски звук

Црковните ѕвона понудени од нашата леарница се леат во висококвалитетна бронза со специјален хемиски состав за вакви ѕвона, предуслов за мелодичен звук и долговечност. Главни материјали во составот на бронзата се бакар и калај. При леењето секогаш правиме анализа на нејзиниот хемискиот состав во согласност со меѓународните ЕН стандарди. Нашата леарница секогаш издава атестна документација за употребената бронза, со која се гарантира дека истата ги исполнува техничките барања и услови за користење.

Декорација на ѕвоната

Нашиот тим од искусни уметници е подготвен по желба на клиентот рачно да дизајнира и изработи најразновидни декорации на ѕвоната: икони, орнаментика, натписи итн. Процесот започнува со скици од дизајнот на кои клиентот може да изврши промени со цел да се постигне неговата желба, па потоа се преминува на изработка на декорациите. Исто така, по леење на ѕвоното нашите уметници може да го патинираат истото по бараната нијанса на клиентот.

Автоматско ѕвонење

Соработувајќи со врни компании, нашата леарница е во можност да ви понуди целосен спектар на услуги, почнувајќи од калапи и леење на ѕвоно, па се до инсталација на ѕвоното и негово автоматско/ електронско ѕвонење. Модерните солуции за електронско ѕвонење вклучуваат: контролен панел со специјален софтвер за подесување на времето на ѕвонење и мелодиите по желба на клиентот, далечинско управување на ѕвоната, GPS и други видови на алатки.