За нас

Референци

Воспоставена е соработка за пласман на нашите производи со АД Макстил - Duferco од Скопје , Леарница ТЦГ – Охрид, Леарница за алуминиум и цинк – Ресен , Микрон а.д. – Прилеп ,Пружини и текстил а.д. –Демир Хисар ,Фаморд а.д. – Скопје , Динамо –Сливен од Бугарија, Силмак – Јегуновце, Аквамонт а.д.- Скопје, Промонтинг – Скопје, и други компании.

Годишно производство : 2000т Ал-легури од различни видови одлеани во блокови или во песочни калапи согласно ЕН стандардите ; 500т разни бакарни легури (бронза и месинг) одлеани во блокови или песочни форми исто така согласно EN сѕандардите; неметали во количина од околу 2500т годишно за потребите на челичната индустрија; услуги од областа на обработка на неметали , лабораториски услуги и библиотекарски услуги.

Вградувајќи современа опрема и воведувајќи ефикасни процеси, нашите производи и услуги ги задоволуваат високите критериуми кои ги бараат Купувачите. Во РЖ Институт а.д. се врботени 65 извршители со тренд на постојан пораст поради динамичниот развој на Друштвото.

Финансиските показатели од работењето се презентирани на порталот на Македонска Берза, каде Друштвото котира на официјалниот пазар.