За нас

Историја

Почетоците на РЖ Институт датираат уште во 1967 година, кога се формира и развива во рамките на некогашниот индустриски гигант “Рудници и Железарници- Скопје”. Најпрво била концепирана како една, пред сѐ, научно- истражувачкo одделение за потребите на “Рудници и Железарници – Скопје”, но и за фабриките и рудниците ширум цела Југославија.

За оваа цел била инсталирана опрема во полуиндустриски рамки, наменета за припрема на минерални суровини, минерологија и петрографија, металуршка припрема, хемиско- технолошки испитувања и топилнички дел.

Во 05.12.1997 година, РЖ Институт се трансформира во акционерско друштво, а од февруари 2001 година, тој е целосно приватизиран. Акциите на РЖ Институт АД Скопје котираат на Офифицијалниот пазар на Македонската берза.

Со неговата приватизација, се наметна потребата од зголемување на економската ефикасност и пазарната конкурентност. За таа цел е пристапено кон рехабилитација, модернизација или пренамена на постоечките технолошки линии и производни процеси.

По овие промени, следуваше интензивен развој на РЖ Институт, така што денес претставува силна компанија и лидер на македонскиот пазар во повеќето од своите дејности.