Новости

Скулптури одлеани во РЖ Институт на изложба во Њујорк

На 23 март годинава во Gallery MC во Њујорк, САД, ќе се отвори заедничка изложба на скулпторите Дарко и Елена Дуковски и фотографот Мартин Митревски со наслов “Македонски митови и легенди”.

Овие прекрасни скулптурите се инспирирани од митовите или легендите за настанувањето на неколку македонски градови. Тие беа внимателно работени неколку месеци од страна на авторите, брачниот пар Дарко и Елена Дуковски и потоа одлеани во нашата леарница.zmija
majka

Изложбата е спонзорирана од Министерството за култура на РМ како проект од национален интерес и од РЖ Институт со оглед на нашата долгогодишната соработка со овие автори, особено со Дарко Дуковски кој е и вработен во РЖ Институт на функцијата главен уметник.

Покрај нивните дела, посебен изложбен простор ќе има и нашата леарница каде заинтересираните преку директна комуникација, десетина примероци од скулптури, видео, каталози и останати промотивни материјали ќе имаат прилика да се запознаат со нашата работа и услугите кои ние ги нудиме во поглед на леењето и обработката на уметнички одлеаноци.