Новости

"РЖ Институт годинава ќе лее и за странци" - Плус Инфо

РЖ Институт откако лани во својата леарница успешно излеа неколку споменици, голем број мали сувенири и десетина црковни ѕвона, годинава планира да го прошири бизнисот и да лее за странски клиенти.

Во планот за работа на компанијата за годинава се најавува поактивно учество и следење на тендери во регионот од каде што се очекува поголем обем на работа.

Како што е најавено веќе во првиот квартал од годинава услугита на компанијата ќе бидат презентирани во САД за време на изложбата на делата на Дарко и Елена Дуковски излеани во леарницата на РЖ Институт.

На повисок е и соработка со неколку американски скулптори на кои по поволна цена или бесплатно ќе им бидат одлеани и обработени нивни авторски скулптури, што би било добра референца за компанијата и евентурален почеток на соработка со нив“ пишува во Планот на компанијата.

Со оглед на најавите за изградба на голем број цркви во земјава и регионот, компанијата очекува да добие дел од тендерите за изработка на црковни ѕвона и црковна опрема.

Компанијата очекува да има работа и во другите сектори посебно изработката на огноотпорни материјали потребни за компанијата „Макстил“, но и во производството на алуминиумски легури леани под притисок, полиестер и композитни материјали.

Годинава, компанијата очекува да оствари приходи од над 6,2 милиони евра и добивка од 413.000 евра.

За реализирање на дел од нарачките веќе се планира и реконструкција на нова хала во чија реконструкција треба да вложи 414.000 евра.

Текстот е интегрално превземен од Плус Инфо. Линк до статијата.