Новости

РЖ Институт лани со значително зголемување на добивката е-Магазин

Оперативните приходи на РЖ Институт за минатата година изнесуваат 236 милиони денари, што преставува зголемување за 14% во однос на претходната, 2013 година, објави компанијата.

Оперативните расходи лани изнесуваат 233 милиони денари и се поголеми за 4% споредено со 2013 година.

Минатата година компанијата ја заврши со добивка од 13,4 милиони денари, што како што велат од компанијата, е значително подобрување. Претходната, 2013 година добивката изнесуваше 3,86 милиони денари.

Во структурата на приходи од продажба, на прво место се алуминиумските легури (39%), па бакарните легури.

Текстот е интегрално превземен од еМагазин. Линк до статијата