Новости

Денес пристигнаа трите големи ѕвона за новиот храм во Скопје

Од Инсбрук – Австрија до Скопје. Утрово пристигнаа најголемите три звона наменети за новиот храм “Св.Константин и Елена” во центарот на Скопје.

Ова се првите направени ѕвона од планираниот проект за опремување на црквата со вкупно 20 црковни ѕвона, чиј носител е нашата леарница. Поради техничките капацитети за леење на поголема количина материјал, овие ѕвона беа одлеани во Грасмаер од Инсбрук, фамилијарна леарница со четиривековна традиција на леење црковни ѕвона. Овие три ѕвона беа одлеани во тежини од 8,3; 3,5 и 2,5 тони бронза со специјален хемиски состав кој се употребува при изработка на црковни ѕвона.
  

Декорациите на ѕвоната со автентична орнаментика, икони од православни светци и старословенски написи беа рачно изработени и нанесени од страна на истакнати македонски скулптори, вработени во РЖ Институт. 

Исто така, наши вработени беа пратени активно да учествуваат и во процесите на подготовка на ѕвоната и нивното леење во леарницата во Инсбрук. Ова претставуваше уште една меѓусебна соработка помеѓу нашите две леарници. Според архитектонскиот проект на студиото “ЛЕЛЕЛЕЛЕ”, македонските граѓани како и туристите од странство ќе имаат лесен пристап до врвот на камбанаријата каде одблизу ќе можат да ги видат прекрасните ѕвона и рачно изработените декорации. Дополнителна занимливост е што најголемото од овие ѕвона, со тежина од 8,3 тона претставува најголемо црковно ѕвоно во регионот на поранешните земји од Југословенската република.

Во соработка со АД Бетон, главниот носител на изградбата на црквата “Св.Константин и Елена”, се планира овие ѕвона да бидат поставени на камбанаријата во текот на пролетта 2015 година.rabotnici fabrika