Новости

РЖ Институт со 14% повисока реализација во 2014 година

По предизвикувачката 2013 година, РЖ Институт во 2014 година постигна подобрени резултати, проследени со зголемена продажба од 14% и напредок во остварување на среднорочните цели на компанијата, притоа прилагодувајќи го своето работење на постојните економски и пазарни услови.

Оперативните приходи на РЖ Институт за периодот изнесуваа 236 милиони денари, што претставува зголемување од 14% во однос на претходната година. Оперативните расходи изнесуваа 233 милиони денари и се поголеми за 4% во однос на минатата година. Кога на оваа пресметка во предвид ќе се земе и промената на залихите на готови производи и недовршено производство во висина од 10,4 милиони денари, РЖ Институт АД Скопје го заврши анализираниот период со оперативна добивка од 13,4 милиони денари. Ова претставува значително подобрување на оперативната добивка во споредба со ланската која изнесуваше 3,86 милиони денари.

Финансиските приходи изнесуваат 341 илјади денари, а финансиските расходи изнесуваат високи 13,2 милиони денари и тие се поголеми за 88% во споредба со ланските 7 мил. денари. 
Финансиски извештај (.XLSX)

Кога на оперативната добивка ќе се вкалкулираат и финансиските расходи и даноците, се добива нето-добивка од 69 илјади денари. Иако нето-добивката е на пониско ниво, во голема мера и поради висината на финансиските расходи, во споредба со изминатата година забележливо е благо опоравување во работењето на РЖ Институт, проследено со зголемена продажба и со 3,5 пати повисока оперативна добивка.

За подетални информации симнете го целосното соопштение(.PDF) на компанијата 

ogan