За нашата компанија

ЧПП

ГЕНЕРАЛНО

  • Кога е формиран РЖ Институт?

    Корените на РЖ Институт потекнуваат уште во 1967 година со создавањето на големиот индустриски гигант “Рудници и Железарници Скопје” во рамките на поранешна Југославија. Формиран од државата, субјектот бил замислен и конципиран за потребите на поранешна Железарница и рудните наоѓалишта во Македонија, но и пошироко- во поранешна СФРЈ.

    На 05.12.1997 година претпријатието се трансформира во акционерско друштво РЖ Институт АД, а од февруари 2001 год е потполно приватизиран. Денес РЖ Институт котира на Официјалниот пазар на Македонската берза.

  • Што произведува РЖ Институт?

    РЖ Институт има разновидно портфолио на производи, но неговите главни бизниси се леење и изработка на технички и уметнички одлеаноци, од алуминиумски и бакарни легури. Останати дејности вклучуваат производство на огноотпорни материјали за челичната индустрија, црковни ѕвона и опрема, леење на канделабри, истражување, трговија, уметнички одлеаноци од полиестер, восок, силикон итн.

    За повеќе информации околу ова, погледнете го следниот линк: ПРОИЗВОДСТВО.

  • Кои услуги ги нуди РЖ Институт?

  • Каде е административното седиште на РЖ Институт?

    Официјалното седиште на РЖ Институт АД Скопје е ул. “ 16-та Македонска бригада” бр. 18, Општина Гази баба, Скопје, Р. Македонија.

  • Дали е возможно да направам тура низ објектите на РЖ Институт?

    Оперативните објекти на РЖ Институт се индустриски области и како такви не се отворени за јавни тури. Секако, врз основа на официјална дозвола од менаџментот, возможни се гостински посети низ објектите на РЖ Институт.

  • Колку луѓе вработува компанијата?

    Заклучно 31.12.2014 година, во РЖ Институт се вработени 83 лица.

ИНВЕСТИТОРИ

  • Како да купам акции на РЖ Институт?

    Акциите на РЖ Институт се тргуваат на Македонската берза во Скопје, на т.н Официјален пазар. Контактирајте брокерски фирми за да купите акции во компанијата.

  • Кој е тикер- симболот на РЖ Институт?

    Официјалниот тикер симбол на РЖ Институт АД Скопје е RZIN.

  • Кога завршува деловната година за РЖ Институт? Кога се објавуваат кварталните финансиски резултати?

    Фискалната година завршува на 31 декември. Кварталните извештаи од работењето се објавуваат во текот на следниот месец од завршување на кварталот, или: Април (прв квартал), Јули ( втор квартал), Октомври (трет квартал) и јануари (четврти квартал).

    За повеќе информации околу извештаите, погледнете го линкот за Извештаи и резултати

  • Дали РЖ Институт плаќа дивиденди на акционерите?

    Дивидендите се исплаќаат за обичните акции на РЖ Институт, врз основа на одлука донесена од страна на Собранието на акционери. Со одлуката се одредува висината и рокот за исплаќање на дивидендата.

    Последната исплатена дивиденда беше во 2012 година и изнесуваше 54,5 денари по акција.